Koželj - predelava zdravilnih zelišč in izdelava kozmetičnih izdelkov

  • SLOVENSKI
  • HRVATSKI
  • SRPSKI
  • ENGLISH
  • МАКЕДОНСКИ
SLOVENSKI

HRVATSKI

SRPSKI

ENGLISH

МАКЕДОНСКИ

0

 
 
 
  • Дома
  • НАШАТА ПРИКАЗНА
  • ПРОИЗВОДИ
  • СЕРТИФИКАТИ
  • КОНТАКТ
  •  
СИТЕ ПРОИЗВОДИ СЕ РЕЗУЛТАТ НА ГОДИНИ НА ИСТРАЖУВАЊЕ, ИСКУСТВО И ПРОИЗВОДСТВОТО ВО КОМПАНИЈАТА KОЖЕЉ ДОО ДОБ.
Почетоците на компанијата Кожељ, ДOО Доб датираат oд периодот меѓу Првата и Втората светска војна. Се започнало во Клагенфурт каде Јоже Кожељ го запознал учителот Алојз Пољшак кој во слободно време се занимавал со билкарство. Токму нашите најстари производи се резултат на неговото знаење. Подоцна тие заедно отишле во Виена, каде што Кожељ кој имал голема желба да им помогне на болните луѓе, учел од Пољшак како да прави тинктури, креми и други производи од лековити растенија. Јоже почнал сам да учи иридодиагностика и дијагностицирање на болести преку урина. Откако се венчал со Сандра, ќерката на учителот, се вратил во Словенија и станал многу познат дијагностичар, советник и помошник при лекувањето на различни болести. Како резултат на тоа, тој доживеал голема слава и кај него доаѓале не само пациенти од цела Европа, туку и од Австралија и Америка. Негови пациенти биле и многу познати личности.

По смрта на Јоже Кожељ, компанијата Кожељ, ДОО Доб ја прeземал неговиот внук, со која раководи и денес. 

Компанијата Koжељ ДОО Доб се наоѓа во близина на Доб во Домжале и има повеќе од 60 годишна традиција во изработка на производи од лековити билки, кои се продаваат само во аптеки и билни продавници.

Првите регистрирани лекови - 1958 и 1959 

Нашите најстари производи ги создал и успешно ги регистрирал Јоже Кожељ. Тинктурата за орална нега PARAGIN е регистрирана како лек во Белград во 1958 година, а една година подоцна е регистрирана и ароматичната маст за масажа RASTIN.
Двата производа и денес се достапни во аптеките, но поради настанатите промени во законодавството се регистрирани како козметички производи.
 
 
Погледнете ја нашата целостна понуда и одберете производ за себе.
ПРЕБАРУВАЈ
Погледнете ја нашата целостна понуда и одберете производ за себе.
 
ПРЕБАРУВАЈ
 
Ги подржуваме најсигурните онлајн начини на плаќање. Во неколку чекори, безбедно до вашиот производ.
Ги подржуваме најсигурните онлајн начини на плаќање. Во неколку чекори, безбедно до вашиот производ.
 
 
 
 
Copyright © 2019 Се обврзуваме да објавуваме само проверени и точни податоци. Доколку на нашиот сајт најдете лажни или неточни податоци, ве молиме да не информирате на info@kozelj.net. Фотографиите не ги гарантираат својствата на производот.