Koželj - predelava zdravilnih zelišč in izdelava kozmetičnih izdelkov

  • SLOVENSKI
  • HRVATSKI
  • SRPSKI
  • МАКЕДОНСКИ
SLOVENSKI

HRVATSKI

SRPSKI

МАКЕДОНСКИ

0

 
 
 
  • SLOVENSKI
  • HRVATSKI
  • SRPSKI
  • МАКЕДОНСКИ
SLOVENSKI

HRVATSKI

SRPSKI

МАКЕДОНСКИ

SLOVENSKI

HRVATSKI

SRPSKI

МАКЕДОНСКИ

 
    0
    • Дома
    • НАШАТА ПРИКАЗНА
    • ПРОИЗВОДИ
    • СЕРТИФИКАТИ
    • КОНТАКТ
    •  
     

    ОПШТИ УСЛОВИ

    При одредување на општите услови ги земавме в предвид следниве прописи:

    Закон за спречување на работењето и вработувањето на црно (Службен весник на РС, бр.12/2007-UPB1,29/10)
    Закон за заштита на потрошувачите (Службен весник на РС, бр.98/2004-UPB2,126/ 2007,86/2009)
    Закон за заштита на потрошувачите од неправедни трговски практики (Службен весник на РС, бр.53 / 2007)
    Закон за електронска трговија (Службен весник на РС, бр.96/2009-UPB2)

    Член 1 – ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДЕЈНОСТА
    Компанијата Koжељ ДДО Доб има дејност на трговско работење преку интернет, дефинирано и регистрирано во деловниот регистар на Република Словенија.

    Член 2 – РАБОТЕН ЈАЗИК
    Компанијата Кожељ ДДО Доб користи словенечки јазик.

    Член 3 - НАЗИВ И СЕДИШТЕ, ИНФОРМАЦИИ ЗА КОМПАНИЈАТА Назив:
    Koжељ ДДО Доб, преработка на лековити билки и производство на козметички производи.
    Година на основање: 1991
    Седиште: Вегова улица бр. 12, 1233 Доб
    Електронска пошта: info@kozelj.net
    Тел: +386-1-722-09-70
    Факс: +386-1-722-09-75
    Број на сметка во НЛБ банка: SI56 0230 0001 6974 821
    Регистерски број: SRG 2001/09935
    Жиро сметка: 1/16777/00
    Матичен број: 5701759
    Даночен број: SI14432269
    Даночни обврзник: Да
    Одговорно лице: Зоран Пољшак

    Член 4 - ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРОИЗВОДИТЕ
    Основните карактеристики на производите се напишани до секој производ, во рубриката ПРОИЗВОДИ. Потебно е да кликнете на иконата ПОВЕЌЕ  ЗА ПРОИЗВОДОТ. Ќе ви се отвори страница каде се објаснети ефектите на производот, неговиот состав, начинот на употреба, упатство за чување, рокот на употреба и стабилноста по отворањето на производот. Сите производи се испорачуваат со упатство за употреба.

    Член 5 – ЦЕНИ НА ПРОИЗВОДИТЕ
    Цените со вклучен ДДВ се наоѓаат во рубриката ПРОИЗВОДИ, веднаш до сликата на секој производ.

    Член 6  - ЦЕНА НА ИСПОРАКА
    Цената на испорака, поштарината и обработката изнесува XX,xx евра. За нарачки над XX,xx евра трошоците за достава, поштарина и обработка не се наплаќаат.

    Член 7 – ПОЛИТИКА НА ПЛАЌАЊЕ, НАЧИН И РОК НА ИСПОРАКА
    а) Начин на плаќање: преку системот PayPal, со кредитна картичка, фактура.
    б) Начин на испорака: по пошта или лично во седиштето на компанијата.
    в) Рок на испорака: Кога плаќањето се врши преку системот PayPal или лично, рокот на испорака е пет работни дена по извршената нарачка. А во случај да се плаќа со фактура, рокот е пет работни дена по приемот на уплатата.

    Член 8 - ПРАВО НА ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ДОГОВОРОТ
    Странката (потрошувачот) има право во рок од четиринаесет дена од денот на приемот на производот да се повлече од договорот (набавката). Неговата оставка треба да се достави во писмена форма до продавачот (Кожељ ДДО Доб) по електронска пошта: webshop@kozelj.net. Причината за таквата одлука не е потребно да се наведува. 
    Во тој случај, клиентот е должен да ги врати производите затворени, неоштетени и во иста количина и облик во рок од триесет дена по денот на писменото известување за повлекување. Враќањето на производите во одредениот рок за повлекување од договорот, се смета за потврда за повлекувањето од договорот.
    Продавачот е должен веднаш да му го врати платениот износ на потрошувачот, односно во рок од триесет дена од денот на приемот на известувањето за повлекување од договорот. Ако задоцни со плаќањето, продавачот мора освен каматата на странката треба да и исплати и една десетина од сумата за секој задоцнет ден по предвидениот рок од триесет дена. 
    Единствениот трошок на потрошувачот заради раскинувањето на договорот се директните трошоци настанати за враќање на производите.

    Член 9 - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО УПОТРЕБА ЗА СРЕДСТВА ЗА КОМУНУКАЦИЈА.
    При користење на средства за комуникација, не настануваат никакви трошоци. 

    Член 10 – РОК НА ВАЖЕЊЕ НА ПОНУДАТА
    Рокот на важење на добиените понуди е 8 дена. По истекот на овој рок, договорот ќе се смета за неважечки. Цените остануваат исти како на датумот на нарачка и не се менуваат.

    Член 11 - ТЕХНИЧКИ ЧЕКОРИ КОИ ВОДАТ ДО НАРАЧКА (СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР)
    а) на почетната страница изберете го јазичето: ПРОИЗВОДИ
    б) изберете го производот што сакате да го нарачате и кликнете на иконата: ВО КОШНИЧКА
    в) ако сакате да нарачате повеќе производи, повторете ја истата постапка и додајте ги во кошничката.
    г) по купувањето, кликнете на копчето: БЛАГАЈНА
    д) во делот ПОДАТОЦИ ЗА КУПУВАЧОТ внесете ги своите податоци, а потоа кликнете НАПРЕД. Полињата означени со * се задолжителни.
    ѓ) во делот НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ изберете го посакуваниот начин на плаќање со кликнување на иконата и потоа кликнете НАПРЕД.
    е) во делот ПРЕГЛЕД НА НАРАЧКАТА проверете ја вашата нарачка, а потоа кликнете на јазичето НАРАЧАЈ за завршување со купувањето или кликнете НАЗАД, ако сакате да ја измените вашата нарачка.
    ж) Откако ќе завршите со нарачката, ќе добиете конечна потврда за нарачката и известување по електронска пошта на наведената адреса. Со овој чекор, нарачувањето е завршено.

    Член 12 – ЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ
    Сите договори се чуваат во седиштето на друштвото; пристап до нив е можен, по претходно барање на адреса за електронска пошта: info@kozelj.net или на телефонскиот број: +386-1-722-09-70.

    Член 13 – ПРЕГЛЕД НА ТЕХНОЛОШКИТЕ СРЕДСТВА, КОИ ОВОЅМОЖУВААТ ИДЕНТИФИКАЦИЈА И КОРЕКЦИЈА НА ГРЕШКИ, ПРЕД ИЗВРШУВАЊЕТО НА НАРАЧКА
    Пред завршувањето со нарачката во делот ПРЕГЛЕД НА НАРАЧКАТА можете да ја проверите вашата нарачка и со притискање на копчето НАЗАД можете да се вратите на претходните чекори и да ја проверите и измените вашата нарачка.
    Во случај при внесување на своите податоци да изоставите некои од задолжителните полиња (означени со *), системот ќе ве извести така што празните полиња ќе ги обои со црвено и писмено ќе ве опомене да ги исполните потребните полиња. Програмот содржи писмени предупредувања и во случај на други дефекти (празна кошничка, невалидна или погрешно внесена адреса за електронска пошта, итн.)

    Член 14– ЈАЗИК НА КОЈ Е МОЖНО ДА СЕ СКЛУЧИ ДОГОВОР
    Јазикот на кој е можно да се склучи договор (да се изврши нарачка) е словенечки.

    Член 15 - МОЖНОСТИ ЗА УПОТРЕБА НА СООДВЕТНИ, ЕФЕКТИВНИ И ДОСТАПНИ ТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА СО КОИ КЛИЕНТОТ МОЖЕ ДА СЕ ИДЕНТИФИКУВА И ДА ГИ ПОПРАВИ ПОГРЕШНО ВНЕСЕНИТЕ ПОДАТОЦИ ПРЕД НАРАЧКАТА.
    Пред завршувањето со нарачката во делот ПРЕГЛЕД НА НАРАЧКАТА можете да ја проверите вашата нарачка и со притискање на копчето НАЗАД можете да се вратите на претходните чекори и да ја проверите и поправите вашата нарачка.
    Во случај при внесување на своите податоци да изоставите некои од задолжителните полиња (означени со *), системот ќе ве извести така што празните полиња ќе ги обои со црвено и писмено ќе ве опомене да ги пополните потребните полиња. Програмот содржи писмени предупредувања и во случај на други дефекти (празна кошничка, невалидна или погрешно внесена адреса за електронска пошта, итн.)
     
     
    Погледнете ја нашата целостна понуда и одберете производ за себе.
    ПРЕБАРУВАЈ
    Погледнете ја нашата целостна понуда и одберете производ за себе.
     
    ПРЕБАРУВАЈ
     
    Ги подржуваме најсигурните онлајн начини на плаќање. Во неколку чекори, безбедно до вашиот производ.
    Ги подржуваме најсигурните онлајн начини на плаќање. Во неколку чекори, безбедно до вашиот производ.
     
     
     
     
    Copyright © 2019 Се обврзуваме да објавуваме само проверени и точни податоци. Доколку на нашиот сајт најдете лажни или неточни податоци, ве молиме да не информирате на info@kozelj.net. Фотографиите не ги гарантираат својствата на производот.