Ароматичните масти RASTIN и RASTIN F се наменети за масажа на уморни и затегнати мускули и ублажување на болката во мускулите. И двете масти може да се користат пред или по разни спортски или други физички активности.
Маститe се слични, но разликата е во нивната основа. RASTIN за прв пат е регистрирана како лек во 1959 година. Нејзината формула се базира на свинска маст. Ако сакате да ја избегнете употребата на свинска маст, ви ја нудиме маста RASTIN F, која е базирана на вазелин и ланолин. RASTIN F исто така содржи голем број етерични масла, па затоа има малку посилно дејство од маста RASTIN.
Кремата RASTIN V (не е маст, бидејќи содржи вода) содржи екстракти од див костен и гинко и е наменета пред сѐ за нежна масажа на уморни и тешки нозе. Започнете со масажа од стопалата и нежно продолжете нагоре по нозете. Поради својот состав, Кремот RASTIN V има позитивен ефект на циркулацијата на крвта во мускулите.
Имаме! RIBODERMIN (што може да се користи кај новороденчиња од првиот ден па натаму), RASTIN и RASTIN F. Сите овие производи се масти, што значи дека не содржи вода и затоа употребата на конзерванси не е потребна. Содржат само антиоксиданси (витамин А, витамин E), кои ја спречуваат или забавуваат оксидацијата на состојките во маста.
Козметиката која содржи вода (креми, емулзии, лосиони, тоници, млеко...) за да остане безбедна од бактерии и мувла за повеќе од неколку дена, треба да и се додадат конзерванси и антиоксиданси. Веројатно сите се согласуваме дека на нашата кожа не би сакале да нанесуваме расипан или мувлосан козметички производ.
Алергените се супстанции од природно потекло (добиени од храна, растенија или животни), кои предизвикуваат реакција на имунолошкиот систем, предизвикувајќи воспаление (пр. на кожата). Со оглед на тоа дека нашите производи се во голема мера или целосно од природни состојки, следи дека тие содржат алергени, кои за жал не можеме да ги избегнеме.
На постарите луѓе за ублажување на болките во мускулите обично им препорачуваме RASTIN и RASTIN F.
На спортистите им ги препорачуваме производите FIZIO. За загревање на мускулите пред физичка активност ја препорачуваме кремата за загревање FIZIO, која ќе го стимулира протокот на крвта во мускулите и ќе ги подготви за напорот што следи. На тој начин ќе ги спречите повредите кои можат да настанат поради преоптоварување на неподготвените мускули. Откако ќе завршите со физичка активност релаксирајте ги мускулите со гелот за ладење FIZIO.
За нега на зглобовите ви ја препорачуваме билната облога FIZIO, која може да се користи пред и по физички напор.
За нега на контузија на мускулите и зглобовите ви ја препорачуваме билната облога FIZIO, која има благотворно влијание на преоптоварените мускулите и зглобовите.
Со ножици исечете ја ќесичката долж означениот дел и извадате ја облогата. Ставете ја облогата свртена со влажната страна на болното место, и обвиткајте ја со фолија, за дa спречите настанување на масни дамки на облеката или постелнината. Облогата зацврстете ја со еластичен завој и оставете ја да делува преку ноќ. Откако ќе ја наместите облогата не е препорачливо движење на тој дел од телото, за да не се оштети облогата.
Пред да ја ставите облогата, за подобро делување избраното место намчкајте го и со маста RASTIN.
Наутро, извадете ја облогата и убаво измијте ја кожата на местото каде што таа била. Во текот на денот препорачуваме мачкање на избраното место со гелот zа ладење FIZIO.
Имаме - RIBODERMIN. Маста е наменета за нега на нежната кожа на новороденчињата и доенчињата, децата и возрасните. Маста не содржи конзерванси и алергени. Се употребува и во болници. Достапна е во две пакувања, 35 г во туба и 250 г во кутија.
За нега и заштита на кожата од влијанието на урината и изметот ја препорачуваме маста RIBODERMIN. Достапна е во две големини, 35 г во туба и 250 г во кутија.
За нега и хигиена на усната шуплина се користи тинктурата PARAGIN. PARAGIN е единствен билен производ на словенечкиот пазар кој е наменет за нега на усната шуплина. Се препорачува да се користи при крвавење од непцата, гребнатинки од стоматолошки протези, нишање на забите и за подобрување на здивот.
Кремата RASTIN V (не е маст, бидејќи содржи вода), која содржи екстракти од див костен и гинко е наменета пред се за нежна масажа на уморни и тешки нозе. Започнете со масажа од стапалата и нежно продолжете продолжете нагоре по нозете. Кремата RASTIN V поради својот состав има позитивен ефект на циркулацијата на крвта во мускулите.
Парабените се естри и соли на 4-хидроксибензоева киселина. Во козметичката, фармацевтската и прехрамбената индустрија ги користат за конзервирање на производите. Не, парабените во козметиката не се штетни.
За да останат безбедни од бактерии и мувла повеќе од неколку дена, на козметичките производи кои содржат вода (креми, емулзии, лосиони, тоници, млека ...), мора да им се додадат конзерванси и антиоксиданси. Веројатно сите се согласуваме дека на нашата кожа не би сакале да нанесуваме расипани и мувлосани козметички производи.
Во последните неколку години веројатно сте слушнале многу за парабените и нивната употреба, кои во медиумите се најдоа на листата на "опасни и непожелни" супстанции во козметиката. Оттогаш, сѐ повеќе и повеќе луѓе се одлучуваат за козметика, која не содржи парабени, иако не знаат што се тие, како влијаат и зошто се токсични.
Општoто јавно мислење е дека парабените се синтетички, неприродни и опасни молекули кои може да го загрозат нашето здравје и да го нарушат балансот на нашите хормони. Таквото мислење не е точно! Парабените сe за 10.000 пати послаби од природните фитоестрогени, кои се наоѓаат во храната.
Парабените се естри и соли на салицилна киселина, која е природна состојка во некои овошја. Ако повнимателно ги разгледате информациите за метилпарабен, бргу ќе сфатите дека тоа е сосема природна супстанција, која се наоѓа во боровинките.Прабените како конзерванси во козметичките производи се користат многу долго и досега не се откриени никакви несакани ефекти. Тие се уште се еден од најефикасните, најбезбедните и најдобро истражуваните конзерванси на пазарот.
Зошто тогаш сѐ повеќе се одлучуваме за производи етикетирани како “без парабен"? Одговорот е во исклучително добриот маркетинг на производителите на другите помалку истражени (а со тоа и потенцијално опасни), конзерванси и се разбира наивноста на пошироката јавност.
Парабените во козметиката (метил, етил, пропил) се целосно безбедни, и насловите како што се "без парабени", "не содржи штетни парабени" и слично се само добар маркетиншки потег. Имајте на ум дека производите кои не содржат парабени, за одржување на квалитетот можно е да содржат нешто навистина опасно!
ПРЕБАРУВАЈ
Погледнете ја нашата целостна понуда и одберете производ за себе.
ПРЕБАРУВАЈ
Ги подржуваме најсигурните онлајн начини на плаќање. Во неколку чекори, безбедно до вашиот производ.
Ги подржуваме најсигурните онлајн начини на плаќање. Во неколку чекори, безбедно до вашиот производ.